Индија: По 2.000 женски деца „убиени“ секој ден во државата

Од:

Заради претпочитање да добијат син, секој ден во Индија две илјади женски деца се „убивани“ со абортус или веднаш по раѓањето. Тоа го изјави денеска министерката за развој на жените и децата Манека Санџаи Ганди.

– Секој ден речиси две илјади женски деца се убиваат во утробата на мајката. Некои се раѓаат, но веднаш потоа се задушувани, изјави Манека Ганди.

Британското медицинско списание Лансет во 2011 година објави резултати од истрага според која, околу 12 милиони индиски женски деца биле абортирани во изминатите 30 години.

Тоа предизвикало сооднос од 918 женски деца на 1000 машки деца во таа година. Во 1981 година, на 1000 машки деца имало 962 женски деца.

Ганди додаде дека владината програма „Спаси ја ќерката, образувај ја ќерката“, веќе дава резултати откако почна во јануари. Со програмата се бара подобро применување на законот за криминализација при избор на пол на детето пред раѓањето и подобрување на достапот на женските деца до образование.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пожар избувна во индиската фабрика за iPhone

Горан Наумовски

Голем број мртви и повредени од експлозија во фармацевтска фабрика во Индија

Индија: Бројот на жртви од лизгање на земјиштето се искачи на 151, додека 187 се исчезнати

Заврши најскапата свадба на светот: Веселбите траат од март

Индија: 34 лица починаа, а 80 завршија во болница откако пиеле отровен алкохол

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се судрија возови во Индија, најмалку 15 загинати