Индија очекува преземање на контролата над Кашмир

Од:

Индискиот министер за надворешни работи Субрахманјам Јаишанкар денеска изјави дека дел од Кашмир, кој е под контрола на Пакистан, припаѓа на Индија и дека очекува еден ден Индија да ја преземе контролата над тој дел.

Индија владее со многу населената долина Кашмир, додека Пакистан контролира дел од територијата на запад, што Њу Делхи го опишува како „Кашмир под окупација на Пакистан“ (ПоК).

– Нашиот став за ПоК секогаш беше и ќе биде јасен. ПоК е дел од Индија и очекуваме еден ден да имаме физичка јурисдикција над тој дел, рече министерот Јаишанкар на прес-конференција.

Минатиот месец Њу Делхи го укина посебниот статус на муслиманското мнозинство во Кашмир во обид да ја интегрира индиската територија, што предизвика протести и ги налути Кашмир и Пакистан.

Би можело да ве интересира

Имран Кан e осуден на 14 години затвор

Горан Наумовски

Индија може да се подели на два дела

Индија: Автобус удри во пешаци, најмалку шест лица загинаа, 49 се повредени

Земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала ја погоди Индија

ВИДЕО: Над 20 мртви во бомбашки напад на железничка станица во Пакистан

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пожар избувна во индиската фабрика за iPhone

Горан Наумовски