Индија може да забрани приватни возила во главниот град поради загадувањето

Од:

Индија може да забрани употреба на приватни возила во главниот град, Њу Делхи, ако загадувањето на воздухот, кое има сериозни нивоа во последниве денови, се влоши, изјави висок официјален претставник.

-Да се надеваме дека ситуацијата со загадувањето на воздухот во Њу Делхи нема да се влоши, но ако се покаже како итна ситуација, ќе мора да забраниме употребата на приватен транспорт, вели Бхуре Лал, претседател на Управата за контрола на загадувањето на животната средина (ЕПЦА).

– Постои комисија која ќе ме советува за ова, рече тој.

ЕПЦА, назначена од индискиот Врховен суд, веќе предложи да се прекине со градежни работи во Њу Делхи, употреба на дизел генератори, печки од цигли и согорување на ѓубрето помеѓу 1-ви ноември и 10 ноември, кога нивото на загадување се очекува да се зголеми.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пожар избувна во индиската фабрика за iPhone

Горан Наумовски

Голем број мртви и повредени од експлозија во фармацевтска фабрика во Индија

Индија: Бројот на жртви од лизгање на земјиштето се искачи на 151, додека 187 се исчезнати

Заврши најскапата свадба на светот: Веселбите траат од март

Индија: 34 лица починаа, а 80 завршија во болница откако пиеле отровен алкохол

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се судрија возови во Индија, најмалку 15 загинати