Индија лансираше ракета со 36 приватни интернет сателити

Од:

Индија денеска лансираше ракета со 36 приватни интернет сателити.

Лансирањето од јужна Индија беше првото лансирање за лондонскиот OneWeb откако ја прекина соработката со руската вселенска агенција во март поради нападот на Москва врз Украина, објави АП.

„Ја испративме (ракетата) во орбитата многу прецизно, сега ракетата е во предвидената орбита“, рече С. Соманат, претседател на индиската вселенска агенција.

OneWeb сега има 462 сателити во лет, што е за 70 отсто повеќе отколку што и е потребно на компанијата за да обезбеди широкопојасни услуги низ светот, соопшти АП.

Би можело да ве интересира

Индија може да се подели на два дела

(ВИДЕО) Северна Кореја објави снимка од тестирањето на хиперсонична ракета

Северна Кореја успешно лансираше нова хиперсонична ракета

Северна Кореја лансираше балистичка ракета за време на посетата на Блинкен на Јужна Кореја

Индија: Автобус удри во пешаци, најмалку шест лица загинаа, 49 се повредени

Земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала ја погоди Индија