Индија денеска успешно ја тестираше новата „Агни-5“ ракета со голем дострел, што може да носи нуклеарна глава, пренесува Хина.
Меѓуконтиненталната балистичка ракета со дострел од 5.000 километри е тестирана три пати од 2012 година до сега, а денешната контрола е последна пред да биде вклучена во индискиот воен арсенал.
– Ракетата е лансирана од островот Калам во Бангалскиот Залив, источно од индискиот брег, истакна Маниш Бхардвеј, претставникот на Организацијата за истражување и развој на одбраната.
„Агни-5“ ракетата е висока 17 метри и тежи 50 тони, со што може да пренесе нукеарна глава до Кина и речиси до цела западна Европа.
„Успешното лансирање на Агни-5 секој Индиец го прави горд. Таа ќе додаде неверојатна сила на нашата стратешка одбрана, напиша на Твитер индискиот премиер Нарендра Моди.