Индија ја критикува Кина за блокирањето санкции на ОН против припадник на пакистанска екстремистичка организација

Од:

Индија денеска ја критикуваше одлуката на Кина да го блокира воведувањето санкции на Обединетите нации за Абдул Рауф Азхар, заменик-лидерот на пакистанската екстремистичка група Џаиш-е-Мохамед што ОН претходно ја прогласија за терористичка организација.

„Жално е што меѓународната заедница не е едногласна кога станува збор за нашата заедничка борба против тероризмот“, изјави портпаролот на индиското Министерство за надворешни работи, Ариндам Багчи.

Индија тврди дека Азхар бил вклучен во планирањето и извршувањето десетици терористички напади, вклучително и киднапирањето индиски патнички авион во 1998 година, нападот врз Парламентот на Индија во 2001 година и нападот на воздухопловната база во индиската држава Пенџаб во 2016 година.

Пакистан објави дека прогласил како незаконски повеќе од 65 групи, вклучително и Џаиш-е-Мохамед.

Кина има добри односи со Пакистан и финансира неколку мегапроекти во таа земја, како дел од кинеско-пакистанскиот економски коридор.

Односите меѓу Индија и Кина се влошија поради тензиите околу граничниот спор во регионот Ладах во источна Индија. Двете земји распоредија десетици илјади војници долж границата, како и артилерија, тенкови и борбени авиони.

Неколку индиски и кинески војници беа убиени во погранична тепачка пред две години при меѓусебна физичка пресметка со стапови, камења и тупаници.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Кинескиот потпретседател Хан Женг ќе присуствува на инаугурацијата на Трамп

Горан Наумовски

Индија може да се подели на два дела

(ВИДЕО) Бројот на загинати во земјотресот во Тибет се искачи на 126

Горан Наумовски

Кинеска вселенска ракета експлодираше откако беше лансирана

Горан Наумовски

Индија: Автобус удри во пешаци, најмалку шест лица загинаа, 49 се повредени

Кина распоредува голем број бродови околу Тајван

Горан Наумовски