Индија: Боси фармери шест дена пешачеа во знак на протест

Од:

Десетици илјади индиски фармери, кои шест дена пешачеа од западните делови на земјата, стигнаа денеска во Мумбај, барајќи да им се одобрат заеми и праведни цени за нивните производи, во момент кога земјоделството во Индија се бори со повеќегодишен пад на приходите.

Фармерите, претежно сиромашни, планираат да го обиколат Парламентот на сојузната западна држава Махараштра во Мумбај, а многу од нив, во текот на маршот, одеа боси.

Многу фармери се припадници на племенските групи, кои со генерации ја обработуваат земјата, која не е во нивна, но бараат да им се признае сопственоста над неа.

Со земјоделство се занимава повеќе од половината население на Индија, но тој сектор, поради ниските приходи, има удел само 15 проценти во индиската економија.

На минатогодишниот протест во јужната држава Тамил Наду, многу земјоделци носеа човечки черепи за кои тврдеа дека им припаѓаат на фармери, кои поради големи долгови извршиле самоубиство.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пожар избувна во индиската фабрика за iPhone

Горан Наумовски

Голем број мртви и повредени од експлозија во фармацевтска фабрика во Индија

Индија: Бројот на жртви од лизгање на земјиштето се искачи на 151, додека 187 се исчезнати

Заврши најскапата свадба на светот: Веселбите траат од март

Индија: 34 лица починаа, а 80 завршија во болница откако пиеле отровен алкохол

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се судрија возови во Индија, најмалку 15 загинати