Најмалку 34 луѓе починале откако конзумирале отровен алкохол во јужната индиска држава Тамил Наду, јавува Би-Би-Си. Немилиот настан се случил во областа Калакуручи.
Најмалку 80 луѓе се лекуваат во болниците од болести како што е прекумерната дијареа, а официјалните лица велат дека бројот на починатите може да продолжи да расте. Досега се уапсени две лица, а во тек е и поширока истрага.
Секоја година, десетици луѓе во Индија умираат откако конзумираат нелегален алкохол од нелегални дестилерии. Шверцерите често додаваат метанол во алкохолот. Метанолот се додава во алкохолот за да се зголеми јачината на пијалокот.
Ако се проголта дури и во мали количини, метанолот може да предизвика слепило, оштетување на црниот дроб и смрт.
Оние кои консумирале алкохол почувствувале симптоми како вртоглавица, главоболка, повраќање, гадење, болки во стомакот и иритација на очите и биле однесени во болница.