Најмалку 25 лица загинаа при експлозија на плинска боца во ресторан во градот Петлавад, во централната индиска држава Мадхија Прадеш, соопштока локалните власти, пренесува БТА.
Од уривањето на покривот има и голем бројповредени. Ресторанот, кој се наоѓа во близина на автобуската станица во градот, бил преполн кога експлодирала боцата. Спасувачите извлекле 25 трупа од урнатините, и продолжуваат да бараат преживеани.
Петлавад е на 300 километри западно од државната престолнина Бопал.