Индиец си ја убил сопругата затоа што доцнела со вечерата

Од:

Индиската полиција уапси 60-годишен маж, кој ја убил својата сопруга со истрел од пиштол, затоа што доцнела со сервирањето на вечерата.

Како што соопшти претставник на полицијата во градот Газијабад, Рупеш Синг, убиецот Ашок Кумар дошол дома пијан и започнал расправија со сопругата.

– Тој пиеше секој ден. Дошол дома пијан и почнал да се расправа со сопругата. Таа беше вознемирана поради неговите навики да пие и сакала за тоа да разговараат, но тој веднаш сакал да вечера. Долгото чекање на вечерата го изнервирало и пукал во неа, изјави полицискиот претставник.

Сопругата на Ашок, Сунаина (55) веднаш била однесена во болница со прострелна рана од куршум во главата, но набрзо им подлегна на повредите.

Како што наведе Синг, Кумар го признал злосторството и рекол де жали поради својата постапка.

Насилството во семејството претставува голем проблем во Индија, а најчести кривични дела се оние каде жртви се жените.

Според податоците, во Индија во 2015 година во просек на секои четири минути бил пријавуван по еден случај на семејно насилство, а во земјата малку се зборува за овој проблем и постои „култура на тишина и одобрување“.

Повеќе од 54 осто од мажите и 51 отсто од жените веруваат дека е „во ред мажот да ја тепа жената“, затоа што не ги почитува неговите родители, ги занемарува своите обврски кон домот и децата, но и ако има премногу сол во храната.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пожар избувна во индиската фабрика за iPhone

Горан Наумовски

Голем број мртви и повредени од експлозија во фармацевтска фабрика во Индија

Индија: Бројот на жртви од лизгање на земјиштето се искачи на 151, додека 187 се исчезнати

Заврши најскапата свадба на светот: Веселбите траат од март

Индија: 34 лица починаа, а 80 завршија во болница откако пиеле отровен алкохол

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се судрија возови во Индија, најмалку 15 загинати