„Индепендент“: Јапонците купуваат засолништа за наводната нуклеарна војна

Од:

Во Јапонија, заканите кои деновиве ги упати севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, се сфаќаат прилично сериозно, пишува „Индепендент“, наведувајќи дека продажбата на подземни бункери во случај на војна порасна за неколкупати.

Јапонија, покрај Северна Кореја, е земјата што би можело прва да се најде на удар на Пјонгјанг, бидејќи Северна Кореја се почесто се заканува со нуклеарна војна.

Некои јапонски компании, кои се занимаваат со изработка на засолништа во случај на војна, објавија дека вовеле листа за чекање, а се зголемила и продажбата на прочистувачи на воздух во случај да дојде до војна со хемиско оружје.

Дека во Јапонија владее страв од војна докажува и фактот дека американските фирми кои се занимаваат со изработка на засолништа се натрупани со побарувачка од Јапонците.

Меѓутоа, не се загрижени само граѓаните. Јапонската Влада на телевизиски канал емитуваше спот во кој се советуваат луѓето како да се однесуваат во случај на напад.

Дел од мобилните ракети, исто така, е преместен во Токио.

Експертите оценуваат дека проектил од Северна Кореја до Јапонија може да стигне за десет минути.

Би можело да ве интересира

Човекот кој најдолго на светот чекаше за извршување на смртната казна е ослободен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Поплави во Јапонија: Шест лица загинаа, има и исчезнати, градските улици под вода

(ВИДЕО) Први снимки од разорниот земјотрес во Јапонија

Силен земјотрес ја погоди Јапонија, издадено предупредување за цунами

Четири лица загинаа во пожар во Токио

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови