Организацијата Репортери без граници ја објави листата од 180 држави рангирани по степен на слобода на печат за 2014 година, на која Финска веќе 4-та година по ред е на првото место.
Зад неа како и во Индексот за 2013 година се Норвешка и Холандија.
Од друга страна, на последните три места се Туркменистан, Северна Кореја и Еритреја, три држави во кои како што се наведува во извештајот, слобода на печатот не постои и се „вистински пекол за новинарите“.
Индексот оваа година има 180 држави, една повеќе од лани. Додадена е државата Белизе која е на 29 место.
Македонија е на 123 место, седум места пониско од претходниот извештај.
Најлошо оцената држава од Европската унија е Бугарија додека Хрватска како нова членка на Унијата се најде на 65 место.