Маж вооружен со ножици за сечење на метал денеска упадна во една градинка во шпанскиот град Колменар де Аројо и зеде двогодишно дете како заложник.
Полицијата преговара со мажот за ослободување на детето и негово предавање.
Некои шпанските медиуми објавија дека откако мажот упаднал во градинката неколку луѓе успеале да излезат, додека други медиуми јавија дека напаѓачот ги ослободил.
„Мундо“ тврди дека напаѓачот е разведен и оти е татко на едно од децата во градинката.
Градот Колменар де Аројо се наоѓа на околу 60 километри од Мадрид.