Инцидент во црква во Хјустон, има мртви и ранети

Од:

Две лица се ранети, меѓу кои и едно петгодишно момче, кое е во критична состојба, откако жена пукаше со пиштол во црква во Тексас.

Во оружениот инцидент повреден е и 57-годишен маж.

Момчето е пренесено во локалната детска болница во Хјустон, додека мажот е во стабилна состојба откако бил погоден во колкот.

Двајца полицајци, кои не биле на должност, а работеле како обезбедување во црквата, возвратиле и ја убиле жената-напаѓач, пренесува АП.

Инцидентот се случил вчера нешто пред 14 часот во големата црква Лејквуд, која може да прими 16.000 луѓе.

АП додава дека деталите за конфликтот во црквата се нејасни, а полицијата не го соопштува идентитетот на жената напаѓач ниту евентуалниот мотив.

Шефот на полицијата во Хјустон, Трој Фајнер, рече дека „трагедијата можеше да биде многу полоша“ доколку двајцата полицајци не се соочија со жената.

Би можело да ве интересира

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

Блумберг: САД ги намалуваат проценките за долгот на Украина за 200 милијарди долари

Кина сега се соочува со царина од 245 отсто за увоз во САД

Иран ги објави своите недопирливи црвени линии

Стејт департментот потврди: Бринк ја напушта Украина

Иран попушти: „Ќе преговараме со главниот непријател“