Инаугурацијата на Бајден ќе ја обезбедуваат 26.000 припадници на Националната гарда

Од:

Бројот на припадници на Националната гарада на САД, кои ќе и помага на полицијата во Вашингтон на инаугирацијата на избраниот претседател Џо Бајден ќе биде зголемен на 26.000, изјави неименуван американски претставник.

Првично беше најавено дека ќе бидат ангажирани 20.000 припадници на Националната гарда, но нивниот број е зголемен по дополнителните барања од безбедносните служби.

До денеска во Вашингтон пристигнале околи 7.000 членови на Гардата.

Американското Федерално истражно биро претходно предупреди дека приврзаници на претседателот во заминување Доналд Трамп планитаа вооружени протести во главните градови на сите 50 американски држави и Вашингтон.

Приврзаниците на Трамп на 6 јануари упаднаа во Конгресот и четири часа го држеа под опасада, при што загинаа пет лица.

Би можело да ве интересира

Пред да замине од Белата куќа, Бајден помилува пет членови на неговото семејство

Бајден и Трамп заедно одат кон Капитол каде новиот претседател на САД ќе положи заклетва

Бајден потврди дека му оставил писмо на Трамп

(ВИДЕО) Доналд и Меланија Трамп пристигнаа во Белата куќа

Бајден го објави последното селфи од Белата куќа

Горан Наумовски

Бајден ги помилува Фаучи, генерал Мили и членови на Претставничкиот дом за да ја спречи најавената одмазда на Трамп

Катерина Ѓуровски