Инаугурација на новиот ирански претседател Хасан Рохани

Од:

Новоизбраниот ирански претседател Хасан Рохани денеска ќе положи заклетва пред Парламентот и за првпат во присуство на странски лидери.

Иранскиот духовен лидер, ајатолах Али Хамнеи вчера на официјална церемонија го потврди изборот на Хасан Рохани за шеф на државата, со што согласно Уставот на земјата започна неговиот четиригодишен мандат.

Хасан Рохани, кој победи на претседателските избори на 14 јули, доаѓа на оваа функција на местото на Махмуд Ахмадинеџад, за чие осум годишно управување Иран стана една од најизолираните земји во светот и беше санкционирана од ЕУ и ОН поради нејзината нуклеарна програма, што предизвика огромен притисок врз економијата на државата.

Рохани е исправен пред сериозни предизвици, меѓу кои борбата со инфлацијата, која минатиот месец достигна 42 процента, намалување на големата невработеност и решавање на сериозните политички несогласувања во земјата.

Неговиот избор побуди надеж кај западните земји и во самиот Иран дека ќе може да ги поттикне преговорите за иранската нуклеарна програма и преку прагматична политика да ги подобри односите со ЕУ и САД.

Иранците се надеваат дека Рохани ќе именува покомпетентни луѓе на клучните министерски функции и ќе води поразумна економска политика.

Би можело да ве интересира

Неизвесна судбината на иранската студентка

А1он

Заканувачки говор на Хамнеи: Израел и САД можат да очекуваат разорен одговор

А1он

Сараево: Голем број граѓани на протестен марш за Палестина

Ајатолахот за прв пат проговори по израелскиот напад: Не го познаваат Иран, ќе ги натераме да разберат

Сателитски снимки: Во израелскиот напад уништена тајна иранска база

Дали Иран ќе возврати на Израел или се ќе остане на закана

Предраг Петровиќ