Екрем Имамоглу убедливо победи на изборите за градоначалник на Истанбул. Владеачката партија во Турција ја изгуби контролата на н најголемиот град во државата, Истанбул, по денешното повторено гласање на локалните избори.
Според првичните неофицијални резултати, кандидатот на републиканската народна партија освоил 55 отсто од гласовите. На второто место е поранешниот премиер Бинали Јилдирим со 45 отсто од вкупните гласови.
„Упатувам благодарност до нашиот народ, и до моите сограѓани во Истанбул. Пред очите на целиот свет, вие ја заштитивте деморкатската репутација на Турција. Ви благодарам мои сограѓани од Истанбул”, рече Имамоглу.
Kандидатот на владеачката партија за правдата и развојот му честиташе на Имамоглу.
Имамоглу во март победи на локалните избори во Истанбул, но изборната комисија го поништи резултатот на инсистирање на партијата на Ердоган.