Има загинати во украинскиот напад врз Ростов, погодени се и нафтени постројки

Од:

Две лица загинаа во украински воздушен напад во Ростов на Дон, објави утрово гувернерот на Ростовската област Јуриј Сљусар.

– Украинскиот воздушен напад имаше трагични последици. Брачен пар загинаа во Ростов на Дон. Пет лица се повредени, од кои две се во тешка состојба, вклучувајќи и тинејџер, напиша гувернерот Сљусар на платформата Макс, објави РИА Новости.

На ранетите им е укажана медицинска помош, а според гувернерот, медицинскиот персонал презема сите потребни мерки.

Тој изрази сочувство до семејствата и пријателите на починатите, како и поддршка и сочувство до повредените, ветувајќи дека ќе ја добијат целата потребна помош.

Како одговор на нападите на украинските вооружени сили, руските трупи напаѓаат воени објекти и претпријатија од украинскиот воено-индустриски комплекс со високопрецизно воздушно, поморско и копнено оружје, како и беспилотни летала.

Би можело да ве интересира

Зеленски го отфрла повлекувањето од Донбас: Нема да се откажам од таа територија заради мир

Лавров: И покрај длабоките политички разлики, подобро е да се разговара со САД

Каспаров го откажа патувањето во Берлин по предупредувања за можен атентат: „Европа стана игралиште на Путин“

Кушнер: Путин е подготвен за мир под соодветни услови

Русија: Нема да се согласиме на примирје, без да знаеме што следи потоа

Русија ѝ се закани на Австрија