Има докази дека убиството на Флојд е извешено со умисла, тврди адвокатот Бен Крамп

Од:

Адвокатот на семејството на убиениот Афроамерикенец Џорџ Флојд, Бен Крамп, изјави дека има доволно докази да се потврди дека обвинетиот полицаец Дерек Шовин постапил со умисла.

Шовин е обвинет за убиство од трет степен, но Крамп тврди дека станува збор за убиство од прв степен, наведува Би-Би-Си.

-Не ни е јасно како таа постапка не е оквалификувана како убиство од прв степен, изјави Крамп за Си-Би-Ес, а пренесе „Гласот на Америка“.

Тој посочи дека полицаецот го задржал коленото на вратот на Флојд речиси девет минути, што е причина за неговата смрт и потоа за серијата протести низ САД.

-Сметаме дека тој имал намера, рече Крамп.

Џорџ Флојд, невооружен Афроамериканец, почина за време на полициското приведување кога Шовин, според кривичната пријава, го задржал коленото на неговиот врат осум минути и 46 секунди .

Во кривичната пријава се додава дека патологот заклучил дека за смртта на Флојд придонеле комбинацијата од физичкото совладување, можни опојни средства во организмот и здравствените проблеми што ги имал.

Двајца доктори, кои извршиле независна обдукција врз телото на Џорџ Флојд, сепак, вчера соопштија дека тој починал од задушување и дека станува збор за убиство.

Би можело да ве интересира

Поранешен полицаец прогласен за виновен за помагање и поттикнување на убиството на Џорџ Флојд

Ана Ололовска

Поранешниот полицаец Томас Лејн призна вина во случајот за убиството на Џорџ Флојд

Ана Ололовска

Дерек Шовин ја обжали пресудата за убиството на Џорџ Флојд

Ана Ололовска

ВИДЕО: Полицаецот кој го уби Џорџ Флојд доби 22 години затвор

Жарко Настоски

Обвинителството во Минесота побара 30 години затвор за поранешниот полицаец Дерек Шовин

Ана Ололовска

Американското Министерство за правда отвори истрага против полицијата во Минеаполис

Жарко Настоски