Илон Маск со идеја како да се реши спорот помеѓи Кина и Тајван

Од:

Американскиот бизнисмен Илон Маск сугерираше дека проблемите меѓу Кина и Тајван би можеле да се решат со тоа што на Пекинг ќе му се даде одредена контрола над Тајван.

„Мојот предлог би бил да се излезе со посебна административна зона за Тајван… Што веројатно нема да ги израдува сите“, рече Маск во интервју за Фајненшл тајмс објавено вчера.

Сепак, идејата на Маск не наиде на одобрување во Тајпеј. Неименуван тајвански функционер, пак, коментирајќи го овој предлог, денеска изјави дека Маск треба да ангажира „сериозен“ политички советник.

– Светот јасно виде што се случи со Хонг Конг – изјави анонимен тајвански функционер, пренесе Ројтерс.

Основачот на Spacex и ко-основачот на Tesla минатата недела изнесоа предлог на Твитер за тоа како да се запре војната во Украина.

Би можело да ве интересира

Судот му нареди на Маск повторно да сведочи за преземањето на Твитер

Бразилски судија покрена истрага против Илон Макс

Катерина Ѓуровски

Илон Маск повеќе не е најбогатиот човек на светот

(ВИДЕО) Американци и Русин тргнаа со ракетата на Маск кон вселенската станица

Маск: Нема шанси Путин да ја загуби војната во Украина

Маск: Вградивме чип во човечкиот мозок

Горан Наумовски