Илјадници Унгарци протестираа против Орбан

Од:

Неколку илјади Унгарци во петокот навечер протестираа на улиците на главниот град Будимпешта против владата на премиерот Виктор Орбан предупредувајќи на погубноста на политичките елити. Точната бројност на демонстрантите не е соопштена, но АФП претпоставува дека имало над 5 илјади луѓе, пренесе Макфакс.

Учесниците на протестот се залагаа за почитувањето на демократските вредности, обвинувајќи ја владата за отстапување од принципите на рамнотежа и транспарентност, пренесува Reuters. „Сметаме дека демократијата е под сериозен удар“, изјави за агенцијата една учесничка на протестот, наставничката Жужа Верес. Демонстрантите не се чувствуваат себеси за блиски или поддржувачи на опозициските партии и движења, истакнува агенцијата.

Според AFP, меѓу демонстрантите биле и противници на обновувањето на односите меѓу Унгарија и Русија и оддалечување на Будимпешта од Западот. Еден од демонстрантите изјавил дека го загрижува тоа што владата на премиерот Виктор Орбан „ја изложува Унгарија на руското влијание“ и го навел примерот на заемот од 10 милијарди евра кој Русија ѝ го даде на Унгарија за проширување на капацитетите на нејзините нуклеарни централи.

Други демонстранти, пак, не ја одобруваат владината политика на централизација во поглед на образованието и државната администрација. Една демонстрантка појаснила дека тие стравуваат во сите аспекти од животот од враќањето на централизираниот систем како оној во периодот на комунизмот.

Демонстрантите остро ги критикуваа сите политички елити коишто ја водат земјата од падот на комунизмот пред 25 години.

Протесните собири повремено се организираат во Унгарија од октомври, која конзервативната влада на Орбан го предложи оданочувањето на интернет, слична како и во Шпанија , до кои подоцна се откажа и двете влади. Протести има и против корупцијата и против приближувањето со Русија, во кои трговски односи всушност Украина е една од ретките земји од Европската унија којашто има суфицит.

Организаторите планираат да одржат уште еден протест на 1-ви февруари, ден пред пристигнување во главниот град на Унгарија на германската канцеларка Ангела Меркел.

Би можело да ве интересира

Сијарто: Не пристигна подобра понуда за замена на руската енергија

(ВИДЕО) Легендарниот Унгарец колабираше и почна да се тресе – натпреварот од Лигата на нации веднаш беше прекинат

Горан Наумовски

Орбан: САД предводени од Трамп ќе ја напуштат војната во Украина

Орбан: Полската влада беше инсталирана од ЕУ, истото сценарио сега функционира и во Унгарија

Виктор Орбан: Европската Унија се обидува да ја собори владата во Унгарија и да инсталира марионетска влада

Горан Наумовски

Средба Николоски – Лазар, тема брза пруга на Коридор 10 и квалитетно поврзување на Скопје со Будимпешта