Илјадници Шпанци се придружија на штрајкот на рударите

Од:

Десетици илјади Шпанци се придружија рано утрово во протестите на рударите од рудникот на јаглен, демонстрирајќи против намалување на рударските субвенции.

На рударите, кои биле околу 400, им се придружија голем број обични граѓани кои исто така, лути заради штедењето кои Владата го воведе како одговор на финансиската и економската криза.

Во текот на повеќедневните протести на рударите во северниот дел на Шпанија избија судири со полицијата, но утринскиот протстен марш помина мирно откако демонстраните се собраа на централниот мадридски плоштад Пуерта дел Сол.

Тие протестираат поради намалување на субвенциите од 63 отсто за рударските компании кои се обидуваат да го одбранат својот дел на шпанските пазари на енергенси од електраната која работи на гас и од обновливите извори на енергија и да го сочуваат својот јаглен од евтиниот увозен јаглен.

Рударите во рудниците на јаглен заработуваат во просек 1.200 евра месечно, рече портпаролката на УГТ, Кончи Алонсо, додавајќи дека оваа индустрија речиси изумира.

Во Шпанија има меѓу 8.000 и 9.000 рудари кои работат во рудниците на јаглен, додека пред 20 години само во Астуријас биле речиси 30.000.

Новата конзервативна Влада покрај намалувањето на бенифициите на рударските компании ги намалила и субвенциите за рударите кои сакаат да се преквалификуваат за други професии и за школување на нивните деца во сиромашните рударски региони.

Би можело да ве интересира

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

Уапсен полицаец, во ѕидовите од неговата куќа биле пронајдени 20 милиони евра

ВИДЕО: Во Шпанија ноќеска повторно се спасуваа луѓе, по улиците се излеваа реки вода

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Шпанија се затвараат училишта, се евакуираат некои жители по обилните дождови

(ВИДЕО) Драматични сцени од Шпанија: Малага е под вода

Горан Наумовски

Санчез: Времето за политички дискусии за поплавите ќе биде по реконструкцијата