Илјадници Руси маршираат против Путин

Од:

Повеќе илјади луѓе маршираат низ Москва во знак на протест поради новиот закон со кој на американските државјани им се забранува да усвојат руски деца.

Демонстраните извикуваат пароли против рускиот претседател Владимир Путин и пратениците кои го изгласаа овој закон. Тие носат транспаренти, на кои меѓу другото пишува „Пратениците во сиропиталиште, а Путин во дом за стари и изнемоштени лица“.

Незадоволството од овој закон донесе малку живост кај обесхрабрената руска опозиција, која се поретко организира собири против Путин.

Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков пред два дена изјави дека деца од Русија сепак ќе заминат во САД и покрај неодамна усвоениот закон.

– Оние кои добиле судска одлука, ќе заминат, истакна Песков, прецизирајќи дека тоа не се однесува на децата за чие посвојување во САД се уште не е донесена одлука.

Спорниот закон претставува „одмазда“ на Кремљ за американскиот закон „Магницки“, со кој се казнуваат руски функционери кои наводно ги кршеле човековите права.

Против законот се изјаснија некои членови на Владата во Москва и истакнати политички и јавни личности, оценувајќи дека тој е бесмислен, бидејќи ќе им наштети на руските деца од сиропиталиштата, пред се на инвалидите. Меѓу нив е и шефот на дипломатијата Сергеј Лавров, чие Министерство своевремено една година го подготвуваше руско-американскиот закон за посвојување руски сирачиња.

Би можело да ве интересира

Путин: Нема да дозволиме Киев да стане нуклеарна сила

А1он

Поранешен шеф на МИ-6 тврди: Европа е во војна со Русија

Рјабков: Русија ќе го натера Вашингтон да стресе и да замолчи

Големиот напад на Русија врз украинските електрани, експлозии низ целата земја

ВИДЕО: Пукање во центарот на Москва

Предраг Петровиќ

Русија ќе продолжи да лансира интерконтинентални балистички ракети