Илјадници медицински сестри повторно штрајкуваат во Велика Британија

Од:

По историскиот прв штрајк во декември, илјадници медицински сестри во Англија денеска повторно стапија во штрајк што ќе продолжи и утре. Тие бараат повисоки плати и подобри работни услови во време кога Велика Британија се соочува со висока инфлација.

Речиси четвртина од јавните здравствени услуги се засегнати од штрајкот.

Медицинските сестри бараат зголемување на платите за 5 отсто над инфлацијата, која достигна 10,5 отсто во декември.

Разговорите меѓу Владата на Риши Сунак и главниот синдикат на медицински сестри, Кралскиот колеџ за медицински сестри, се во ќорсокак, јавија британските медиуми.

По првиот дводневен штрајк во декември, што беше без преседан во вековното постоење на синдикатот, и сегашниот штрајк, најавени се и дополнителни штрајкови на 6 и 7 февруари, при што ќе бидат опфатени повеќе болници.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

Британија ќе го следи рускиот брод во близина на нејзиниот брег

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година