Илјадници демонстранти против Нетанјаху три дена пред изборите во Израел

Од:

Илјадници Израелци синоќа протестираа во Ерусалим пред резиденцијата на премиерот Бенјамин Нетанјаху, барајќи негова оставка, бидејќи тој се надева на политички опстанок на парламентарните избори во вторник, четврти за помалку од две години, пренесуваат странските агенции.

Демонстрантите редовно се собираат од јуни минатата година на улицата Балфур и изразуваат незадоволство од најдолговечниот премиер кој е на власт 12 години без прекини.

Нетанјаху (71) е исто така прв израелски премиер обвинет за корупција во три скандали, за кои тврди дека е невин.

Во последните месеци, движењето против Нетанјаху доби интензитет и митингот во саботата е еден од најголемите досега.

Полицијата ги повика жителите на Ерусалим да избегнуваат приближување до местата каде се одржуваат протестите.

Изборната трка за овие четврти парламентарни избори за помалку од две години се води истовремено со кампањата за вакцинација против Ковид-19, водечкиот изборен аргумент на Нетанјаху.

Речиси 50 проценти од израелското население прими две дози вакцина благодарение на договорот со германско-американската лабораторија „Фајзер-Бионтек“, што овозможи брзо доставување на вакцини во замена за медицински податоци

Според анкетите, партијата Ликуд на Нетанјаху ќе добие од 27 до 30 од вкупно 120 пратеници во израелскиот Парламент, што е премалку за да се надмине прагот на мнозинството (61 пратеник) со своите сојузници и да се формира влада.

За време на последните три изборни кампањи, Бенјамин Нетанјаху се бореше со истиот противник, поранешниот началник на Генералштабот, центристот Бени Ганц.

Би можело да ве интересира

Хезболах лансираше „голем ракетен бараж“

Комеморација на жртвите на фестивалот на кој нападна Хамас

Хезболах: Нема место за Израел во регионот

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Една година по нападот на 7 октомври: илјадници мртви, милиони раселени, Блискиот исток е пред општа војна

Цените на нафтата скокнаа за над 8 отсто минатата недела поради ескалацијата на Блискиот Исток

ВИДЕО: Хезболах ја проби одбраната на Израел, ракети ја погодија Хаифа