За време на конференцијата за екологија, што се одржа на органската фарма на принцот Чарлс во Тетбериј, тој си доби поклон во тегла – жаба, која се вика исто како него.
Според британскиот печат, се работи за новооткриен вид на жаба која живее околу екваторот и го носи името „Hyloscirtus princecharlesi“ во чест на британскиот принц.
Научниците и го дале ова име на жабата, откриена во 2008 година, во знак на благодарност за многугодшната поддршка на принцот Чарлс во заштитата на прашумите.
Принцот Чарлс го искористи престојот на овој регион за да го посети и саемот за земјоделство во Питербор, каде што фотографите безбројпати го сликаа како безгрижно си гази по калта.