Иран разви уште една постројка за лансирање на проектили, кој најверојатно ќе се користи за тестирање на балистички ракети, соопшти денеска „ИХС Џејнс“ (IHS Jne’s), организација од Лондон која се занимава со анализи на одбранбените прашања.
„ИХС Џејнс“ наведува дека со анализа на сателитските снимки утврдено е дека објектот почнал да се гради во периодот од мај до септември 2010 година, кога почнал да се развива и постоечкиот објект за лансирање на проектили во Семнана.
Тоа е втора ирански постројка од каде ќе може да се лансираат сателити во вселената, а Техеран најави и изградба на трета.
– Анализата на сателитските снимки покажува дека тоа ќе биде стратешка постројка за тестирање на балистички проектили, а другите две се за амбициозната иранска програма за лансирање на сателити, се наведува во соопштението на „ИХС Џејнс“.
Иранската ракетна програма, заедно со нуклеарната и вселенската програма, се повеќе го загрижува Западот, кој стравува дека Техеран се обидува да развие балистички систем со кој ќе можат да се лансираат ракети со нуклеарни боеви глави.
Властите во Техеран ги негираат таквите тврдења.