Војниците на НАТО одржуваат нелегални маневри во близина на демилитаризираната безбедносна зона во непризнатата Република Придњестровје, изјави денеска министерот за надворешни работи на Придњестровје Виталиј Игњатиев.
„Силите на НАТО одржуваат воени вежби кои вклучуваат нелегални маневри во близина на безбедносната зона. Тоа се провокативни активности кои ја дестабилизираат ситуацијата“, рече Игнатиев за време на комеморацијата на 30-годишнината од руската мировна мисија во Придњестровје во Граѓанската комора на Руската Федерација. , пренесува ТАСС.