ИФЈ: Во 2020 година се убиени 65 новинари и медиумски работници

Од:

Меѓународната федерација на новинари (ИФЈ) соопшти дека 65 новинари и медиумски работници биле убиени во 2020 година.

„Тоа е за 17 повеќе отколку во 2019 година, а бројот на настрадани е приближно до бројот во 90-тите години на минатиот век“, објави ИФЈ податоци од својот годишен извештај.

Како што е наведено, убиствата се случиле во 16 различни земји, во бомбашки напади и инциденти во вооружени судири.

Од 1990 година, од кога ИФЈ собира податоци, убиени се 2.680 новинари.

По четврти пат во последните пет години, Мексико е на врвот на листата земји со најголем број убиени новинари – 14.

Десетмина беа убиени во Авганистан, девет во Пакистан, осум во Индија, по четири на Филипини и Сирија и по тројца во Нигерија и Јемен.

Убиства на новинари и медиумски работници имало и во Ирак, Сомалија, Бангладеш, Камерун, Хондурас, Парагвај, Русија и Шведска.

ИФЈ денеска соопшти дека најмалку 229 новинари и медиумски работници во моментов се во затвор, како дел од процесите поврзани со нивната работа. Турција води со најмногу притворени новинари.

Би можело да ве интересира

Акциски план на ОН за физичка и правна заштита на новинарите – десет години потоа

Ана Ололовска

Совет на Европа: Слободата на печатот е клучна во услови на криза

Ана Ололовска

Три четвртини од новинарките во светот биле жртви на закани и напади преку интернет

Жарко Настоски

Репортери без граници: Во 2020 година убиени се 50 новинари, повеќето во држави што не се во војна

Ана Ололовска

Комитет за заштита на новинарите: Во 2020 година уапсени рекордни 274 новинари

Катерина Ѓуровски

ИПИ: 482 кршења на медиумските слободи од почетокот на пандемијата Ковид-19

Ана Ололовска