Израелската армија (ИДФ) денеска ги повика Палестинците, во мал дел од хуманитарната зона одредена од Израел во Деир ал Балах во центарот на Газа, да се евакуираат.
Портпаролот на арапските медиуми на ИДФ, Авичаи Адрае, објави мапа на зоните што треба да се евакуираат и рече дека армијата „ќе дејствува насилно“ против терористичките групи во областа, објави „Тајмс оф Израел“.
„За ваша безбедност, ве повикуваме веднаш да се евакуирате на запад. Областа во која се наоѓате се смета за опасна борбена зона“, рече тој.