Идентификувана жртва на нападот во Њујорк од 11 септември

Од:

Маж, чиј идентитет не е соопштен, е идентификуван од страна на њујоршкиот форензички центар како жртва на терористичкиот напад извршен во Њујорк на 11 септември 2001 година.

Тој е 1.641 жртва која досега е идентификувана, од вкупно 2.753-та загинати во нападите на исламистичките терористи пред речиси 16 години.

Според објаснувањето на експертите, за идентификацијата на оваа жртва била примената нова технологија на користење на ДНК, откако тоа го побарале најблиските на убиениот во нападот.

Последен пат, една од жртвите на нападот беше идентификувана пред повеќе од две години во март 2015 година.

Вкупно 1.112 лица или 40 отсто од вкупниот број жртви се уште не се идентификувани.

Во нападите од 11 септември терористите употребија четири патнички авиони, што претходно ги грабнаа во текот на лет со патниците во нив.

Два од авионите беа насочени кон кулите близначки од Светскиот трговски центар во Њујорк, по што тие се урнааа, еден удри во зградата на Пентагон во Вашингтон, а четвртиот авион се урна во сојузната држава Пенсилванија.

Би можело да ве интересира

Стејт департментот потврди: Бринк ја напушта Украина

Иран попушти: „Ќе преговараме со главниот непријател“

Кина ги зголеми царините за американскиот увоз на 125 отсто

Горан Наумовски

Си Џинпинг: Кина не се плаши и нема да попушти пред неправедната репресија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кина гради многу воени бродови со неверојатна брзина, Пентагон е во шок

Хегсет за преместувањето на американските бомбардери на Блискиот Исток: Иран нека сфати каква е пораката