Идентификуван човекот кој минатата година падна од авион во Лондон

Од:

Лондонската полиција вчера соопшти дека е утврден идентитетот на човекот кој во септември 2012 година падна од авион, на улица во лондонското предградие Мортлејк.

Се работи за Хосем Матади од Мозамбик, за чие тело полицијата најпрвин се посомнева дека е жртва на напад, но подоцна беше утврдено дека испаднало од авион кој требало да слета на аеродромот Хитроу.

Лондонската полиција не успеа да го пронајде семејството на триесетгодишниот Мозамбиец и покрај тоа што соработува со властите на таа африканска држава.

Полицијата се уште го чува телото на несреќникот Матаде, во случај да се јави некој од неговите роднини.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година

Британците ги бришат џихадистите од Сирија од листата на терористи

Горан Наумовски

Милиони Британци погодени од огромно невреме, десетици илјади останаа без струја

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот