ИД убила десетици сириски војници кои се обиделе да избегаат од аеродромот Табка

Од:

Припадниците на Исламската држава (ИД) синоќа убиле десетици сириски војници, кои се обиделе да избегаат од воениот аеродром Табка, кој се наоѓа во северниот дел од земјата, соопшти денеска Сирискиот центар за мониторинг на човековите права, со седиште во Лондон.

– Џихадистите синоќа убија десетици сириски војници фатени во бегство, откако ИД ја презеде контролата врз воздухопловната база Табка, изјави шефот на Центарот, Рами Абдел Рахман.

Борците на ИД се „пофалиле“ на Твитер дека убиле 200 војници на сирискиот режим.

Екстремистите ја освоија Табка во неделата по повеќенеделните борби околу базата, со што дополнително ја зајакнаа контролата врз провинцијата Рака.

Би можело да ве интересира

Сирија: Експлодира автомобил-бомба, најмалку 19 загинати

Aл Шара: Ни требаат четири до пет години да се подготвиме за избори

Ал Шара е именуван за претседател на Сирија

Ал Шибани: ЕУ презеде позитивен чекор одлучувајќи да ги ублажи санкциите кон Сирија

Ројтерс: ЕУ размислува за постепено укинување на санкциите за Сирија

Јавно е ликвидиран поранешен соработник на Башар ал Асад