И во Рим протести поради штедењето

Од:

Повеќе десетина илјади активисти на најголемиот италијански синдикат ЦГИЛ мирно протестираа во центарот на Рим под слоганот „Работа пред се“.

Тие најавија дека повторно ќе излезат на улиците на 14-ти ноември, заедно со најголемите европски синдикати.

„Не требаше да се создаде влада од стручни лица, ако е ова резултатот“, рече генералната секретарка на ЦГИЛ, Сузана Камусо.

Таа рече дека планот за штедење на владата на Марио Монти е главниот виновник за проблемите со кои во моментот се соочува Италија и додаде дека победи политиката која ја води земјата кон се поголема сиромаштија.

„Ќе излеземе повторно на улиците на 14-ти ноември со сите европски синдикати“, рече Камусо и додаде – Нема да се откажеме, треба да се промени оваа земја“.

Би можело да ве интересира

Евростат: Италија има најстарото население во Европа, просечна возраст 48,7 години

Рим: Постара жена загина во пожар во стан, нејзината ќерка е во тешка состојба

Горан Наумовски

Питбул уби бебе во Италија – таткото го нашол детето во локва крв

А1он

Три случаи на фемицид во Италија за помалку од 48 часа

Мелони: Намалувањето на приливот на нерегуларни мигранти во Италија е резултат на големата работа на владата

Девојче (3) се застрела со пиштол во глава, во собата на нејзините родители

А1он