И во Австрија откриен мутираниот тип на коронавирусот

Од:

Мутираната варијанта на новиот коронавирус, која првпат беше откриена во Велика Британија, е откриена и во Австрија, соопшти денеска австрискиот министер за здравство Рудолф Аншобер.

Со новата варијанта заразени се четири лица во главниот град Виена, рече Аншобер. Сите четири лица биле доброволно тестирани на аеродромот во Виена.

Меѓу заразените е и 12-годишно девојче кое пристигна во Австрија на 18 декември, рече министерот. Сите заразени лица засега имаат само благи симптоми и во моментов се во самоизолација. Друг заразен е 30-годишен Австриец, кој во земјата дошол на 6 декември од Јужна Африка.

Новата мутација, за која се смета дека е многу позаразна од претходните варијанти на овој вид коронавирус, првично беше откриена во Велика Британија и сега се шири во европските земји.

Според досегашните сознанија, коронавирусот е помалку подложен на мутации отколку вирусот на грип.

Би можело да ве интересира

Паника во Европската Унија – доаѓа нов Орбан, склучил „пакт“ со Путин

А1он

(ВИДЕО) Австрискиот канцелар поднесе оставка, преговорите за коалициската влада пропаднаа

А1он

Австрија ќе почне да ги депортира Сиријците

Горан Наумовски

Австрија ќе го укине ветото за прием на Романија и Бугарија во Шенген

Фон дер Лајен: Европа има резерви на гас и покрај уцената на Путин

Русија ја прекина испораката на гас за Австрија поради спор околу плаќањето

Горан Наумовски