И немуслиманите во Саудиска Арабија мораат да постат за Рамазан

Од:

Властите во Саудиска Арабија се заканија дека ќе ги протераат немуслиманските странски државјани кои пијат, јадат и пушат во јавност за време на Рамазанскиот пост, кој почна денеска.

Немуслиманското население во земјата мора да ги почитува чувствата на муслиманите, воздржувајќи се од храна, пијалок и пушење на јавни места, на улица или на работно место.

Тие кои нема да го почитуваат ова ќе бидат предмет на драстични мерки, меѓу кои и прекин на работниот договор и протерување од земјата, соопшти саудиското Министерство за внатрешни работи.

Министертсвото наведува и дека фирмите, корпорациите и поединците се должни за тоа да ги известат своите вработени.

Од вкупно 27-те милиони жители во Саудиска Арабија, околу осум милиони странци, повеќето од азиско потекло.

Би можело да ве интересира

Зеленски ја одложи посетата на Саудиска Арабија

Американците патуваат во Саудиска Арабија на преговори со Русите, Украина не е поканета

Саудиска Арабија: Не го признаваме Израел без палестинска држава

Саудиска Арабија планира да инвестира 600 милијарди долари во трговијата со САД

Реформите за човековите права во Саудиска Арабија: Работниците сега можат да ги менуваат работните места

ВИДЕО: Снег во Саудиска Арабија