И јапонската министерка за правда поднесе оставка

Од:

Јапонската министерка за правда Мидори Мацушима денеска поднесе оставка, само неколку часа откако тоа го стори и министерката за економија, трговија и индустрија Јуко Обучи, која се сметаше за потенцијална претенденка за следен премиер.

Од доаѓањето на власт кон крајот на 2012 година ова е најтешкиот двоен удар за премиерот Шинѕо Абе, коментираат медиумите.

Двете министерки, кои поднесоа оставка беа именувани на почетокот на септември, заедно со три други жени, што беа првите промени во јапонскиот Кабинет по период од околу две години.

Мацушима се повлече поради сомневањата за прекршување на изборниот кодекс. Имено таа делела мали ладала со нејзиниот портрет и името на избирачите во округот, што било оценето како кршење на изборните правила.

Обучи (40), ќерка на поранешниот премиер Кеиѕо Обучи, за која се сметаше дека може да стане првата жена премиер на Јапонија, оставката ја поднесе по тврдењата дека два фонда, што ја поддржуваат, незаконски трошеле пари што биле наменети за политички цели.

Се тврди дека 43 милиони јени (околу 400.000 долари) од предизборните донации биле потрошени за организирање на театарски претстави за избирачите и приврзаниците на Обучи, а овие пари не биле прикажани во сметководствените изводи. Освен тоа, крупните трошоци за разонода на избирачите се сметаат за обид за поткуп.

Утврдено е, исто така, дека 3,8 милиони јени биле потрошени за купување на стоки од продавници, сопственост на роднини на министерката. Тоа, исто така, се смета за прекршување на законот за користење на средствата, наменети за политичка дејност.

Би можело да ве интересира

Човекот кој најдолго на светот чекаше за извршување на смртната казна е ослободен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Поплави во Јапонија: Шест лица загинаа, има и исчезнати, градските улици под вода

(ВИДЕО) Први снимки од разорниот земјотрес во Јапонија

Силен земјотрес ја погоди Јапонија, издадено предупредување за цунами

Четири лица загинаа во пожар во Токио

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови