И ЕУ би сакала да ја признае Палестина, но тоа ќе го стори кога ќе биде соодветно

Од:

Европската унија би сакала исто така да ја признае Палестина, како што тоа денеска го стори нејзината земја-членка Шведска, но според портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич,“тоа е прашање на компетенцијата” и ќе биде сторено „кога ќе биде соодветно”.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, во Унијата денеска немаше изненадување од потегот на Швеѓаните што предизвика негативни реакции од Израел.

– Ова признавање не доаѓа како изненадување за нас – истакна портпаролката на Еврокомисијата.

Според Коцијанчич, ЕУ-објективите е единственото решение за палестинското прашање, а тоа е создавање на независна и демократска палестинска држава која би живеела покрај Израел во мир и безбедност.

– Директни преговори се потребни во најбрз можен рок за таа цел, а позиција на ЕУ за признавањето од страна на Шведска на Палестина е интерно прашање на земјите-членки, но кога ќе биде соодветно и Брисел ќе го стори тоа – додаде портпаролката на неформалната Влада на ЕУ.

Би можело да ве интересира

Израел ги презеде трите заложнички од Газа, луѓето радосни на двете страни

Предраг Петровиќ

Фицо не исклучува можност од излегување на Словачка од ЕУ и НАТО

Нетанјаху потврди: Примирјето стапи на сила

Израелската армија продолжи со нападите врз Газа, несогласувањето со Хамас го одложи прекинот на огнот

Предраг Петровиќ

Европската унија би можела да испрати воени трупи во Украина

А1он

Новите лидери на ЕУ на првиот ден од функцијата се во Киев – носат моќна поддршка од Европа

А1он