И денеска не стивнуваат борбите во Украина, примирјето се прекршува

Од:

И денеска не запираат борбите во источна Украина и покрај обновените напори на европските лидери за обезбедување почитување на примирјето, пренесоа британските медиуми.

Украинските војници утринава изјавија дека во последните 24 часа проруските сепаратисти 49 пати ги нападнале позициите на владините сили, користејќи ракети, тешки орудија и оклопна техника.

– Бројот на напади покажува дека терористите не сакаат нивното оружје целосно да замолкне, рече армискиот портпарол Анатолиј Стелмах.

Бунтовниците, исто така, ја обвинуваат армијата дека го прекршува примирјето, тврдејќи дека таа нападнала станбени квартови на Доњецк.

Во овој град вчера била убиена една жена, соопшти прес службата на Доњецките сепаратисти.

Според очевидец, цитиран од британските медиуми, еден тенк на бунтовниците денеска гранатирал позиции кај градчето Вухленирск, во близина наДебалцево. Ова покажува дека борбите во овој реон се уште не се прекинати.

Би можело да ве интересира

Смирнов ја повика Русија да отвори истрага против Зеленски за тероризам

Кулеба: Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили

Литванија е сомнителна кон Украинците мобилизирани од странство: Тие ќе се предадат или ќе дезертираат

Руски проектили ја погодија железничката инфраструктура во Харков, најмалку една жртва

(ВИДЕО) Вреќа со компир му го спаси животот на руски војник од украински дрон „камиказа“

Руската армија ја презеде контролата над Новобахмутовкa