И делфините тагуваат

Од:

Едно истражување спроведено врз делфини од Атлантикот покажа дека тие исто така чувствуваат тага и жалат по угинатите членови на нивните заедници.

Научниците од Универзитетот во Порто проучувале два случаи на форми на тагување и сочуствително однесување на делфините.

Првиот случај го регистрирал оператор на туристичкиот брод кој снимил како четири возрасни делфини со своите тела и глави речиси половина час придржуваат угинато младенче, пред да го остават и да продолжат понатаму.

Вториот случај го регистиррал член на истражувачкиот тим од Универзитетот, кој видел како делфин, за кој се претпоставува дека е женка, како го придржува угинато младенче на површината на водата.

Раководителот на ова истражување Филипе Алвес изјави дека постојат записи оти делфините своите угинати потомци ги носат на грбот и на тој начин ги оплакуваат и по неколку дена.

Тој додаде дека верува оти делфините од Аталнтикот се емотивно интелегентна група, иако тоа тешко може да се докаже.

Покрај делфините и морските видри, фоките, мајмуните и слоновите, исто така, спаѓаат во групата животни што тагуваат по угинати членови на нивните заедници.

Би можело да ве интересира

Папата во критична состојба

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Повторно судир на САД и Украина: Зеленски не ја повлекува резолуцијата од ОН

Анкета: Рекорден број Американци се идентификуваат како ЛГБТК+

Судот го одобри планот на Трамп: Вработените во УСАИД одат на принуден одмор

Маск со уцена до Киев: Договор за минералите или нема повеќе Старлинк