Карикатуристот и антиматор Албер Удерзо, кој е познат како автор на стрипот за Астерикс и Обеликс, иако е во пензија, реши повторно да го земе моливот в раце со цел да им оддаде почит на жртвите на нападите врз францускиот магазин „Шарли Ебдо“.
Имено, 87-годишниот Удерзо нацрта нови анимации со галските јунаци, а на една од нив Астерикс удрирајќи го својот противник изговара: „И јас исто така сум Шарли“.
– Со ова сакав да изразам солидарност со карикатуристите кои ги дадоа своите животи за својата професија. Тоа што се случи е страшно и безумно, изјави Удерзо за парискиот весник „Фигаро“.
Анимациите посветени на „Шарли Ебдо“ се објавени на официјалниот Твитер профил на Астерикс.