Хусите во Јемен ја зазедоа и претседателската палата во Аден

Од:

Шиитските бунтовници Хуси ја зазедоа претседателската палата во Аден, јавија западни медиуми. Претходно Хусите и нивните сојузници ги зазедоа централните делови од јеменскиот пристаништен град Аден.

Аден беше последниот голем град контролиран од силите лојални на јеменскиот претседател Абд Рабу Мансур Хади кој има поддршка од Саудиска Арабија и избега од Аден пред една недела.

Пред шест месеци Хусите го зазедоа главниот град Сана, каде станаа сојузници со единици лојални на поранешниот јеменски претседател Али Абдула Салех.

Освојувањето на Аден е тежок удар за меѓународната коалиција која ја предводи Саудиска Арабија и која со воздушни удари сака да спречи напредување на Хусите во Јемен.

Би можело да ве интересира

Израелската армија пресретна ракета лансирана од Јемен

Гутереш: Израелските напади врз цели во Јемен се особено загрижувачки

Израелски авиони нападнаа голем број цели во Јемен

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина

САД нападна подземни складишта со оружје на Хутите во Јемен

Четири лица загинаа, а 30 се повредени во израелските воздушни напади врз Јемен