Хунтата во Мјанмар објави потерници во дневниот печат прoтив јавни личности кои застанаа зад протестите

Од:

Владеачката воена хунта во Мјанмар во дневниот печат објави потерници против повеќе јавни личности и со тоа ја засили својата кампања против познатите личности од земјата кои ги поддржуваат протестите, и притоа ги предупреди медиумите да не известуваат за нивната работа, бидејќи во спротивн ќе бидат кривично гонети.

Овој потег следи по повеќенеделното засилено насилство од страна на безбедносните сили за сузбивање на уличните протести во врска со државниот удар со кој беше соборена демократската влада на премиерката Аунг Сан Су Чи.

Списоци со актери, музичари и други влијателни јавни личности во неделата и вчера беа објавени во весникот „Global new light“ во кои тие се обвинуваат за кршење на членот 505 (А) од Кривичниот законик за „ширење вести што влијаат врз стабилноста на државата“ , за што се предвидува казна до три години затвор.

Весникот објави и фотографии на 20 јавни личности, со нивните лични податоци, местото на раѓање и нивните профили на социјалната мрежа Фејсбук.

Документот протече од Министерството за информации, во кој се предупредуваат медиумските куќи да не објавуваат информации за професионалните ангажмани на јавните личности кои се наоѓаат на списокот на оние кои ги поддржуваат протестите, бидејќи во спротивно тие самите ќе се соочат со кривично гонење.

Во февруари, веднаш по воениот удар, обвинети беа неколку актери и режисери, но кампањата против јавните личности кои ги поддржуваа протестите се интензивираше минатата недела кога една телевизиска станица контролирана од воените власти издаде потерници. Досега на ваквите списоци има најмалку 60 лица.

Би можело да ве интересира

Тајфунот Јаги усмрти најмалку 74 лица во Мјанмар

Воен авион од Мјанмар се излизга од пистата при слетување, има повредени

(ВИДЕО) Одрон во рудник за жад во Мјанмар, загинаа 32 рудари

Амнестија за 7.012 затворенции во Мијанмар по повод одбележувањето на Денот на независноста

А1он

Канада со нови санкции кон Русија, Иран и Мјанмар

А1он

ВИДЕО: Најмалку 80 цивили загинаа во воени воздушни напади за време на концерт во Мјанмар

Ана Ололовска