Хунтата од Мјанмар обвинета за игнорирање на регионалниот мировен план на АСЕАН

Од:

Воениот врв на Мјанмар го игнорираше мировниот план, што беше инициран и договорен пред еден месец од 10-те членки на Асоцијацијата на земји од Југоисточна Азија (АСЕАН), повикувајќи се на законодавци од целиот регион, јавува ДПА.

Парламентарците од АСЕАН во групата за човекови права (АПЧП) денеска ги повикаа членките на асоцијацијата да се заложат за „итно и ефикасно спроведување на консензусот од пет точки“, како што се нарекува нацртот, и ја повикаа војската на одговорност за нејзиното безобразно непочитување на договорот.

Лидерот на мјанмарската хунта, Мин Аунг Хлаинг, се потпиша на консензусот, што вклучува повици за прекин на насилството и посета на Мјанмар од регионален претставник за време на самитот на АСЕАН пред еден месец.

Армијата ја презеде власта во Мјанмар во февруари, апсејќи ги лидерите на цивилните власти, вклучувајќи ја и демократски избраната премиерка Аунг Сан Су Чи, лауреат на Нобеловата награда за мир од 1991 година.

Народните протести против пучот беа пречекани со жестоки репресии од мјармарската армија, во кои, активистите тврдат, се убиени над 800 лица, пренесува ДПА.

До иницијалниот договор на АСЕАН, во април, дојде откако некои соседни влади изразија загриженост за прелевање на конфликтот, со колони бегалци од пограничниот регион, кои бегаа од судирите меѓу армијата и етничките милиции.

-Ништо не се смени, изјави малезискиот пратеник од опозицијата, Чарлс Сантијаго, претседател на АПХР, кој денеска го обвини Мин Аунг Хлаин за „бесмислено игнорирање на договорот“.

Поранешен тајландски министер за надворешни работи, Касит Пиромја, пак, изјави дека владите на АСЕАН ризикуваат да се добие впечаток дека тие дејствуваат „во заштита на хунтата од глобална осуда, а не за прекин на насилството“.

Би можело да ве интересира

Во разорниот земјотрес во Мјанмар загина и Силиме која беше прва носителка на титулата „Мис туризам“

Се зголемува бројот на загинати во земјотресот во Мјанмар

Пет дена по земјотресот спасен e маж од под урнатините во Мјанмар, досега се загинати 2.886 лица

Жена после 91 час е извлечена од урнатините по земјотресот во Мјанмар

Нов силен земјотрес го погоди Мјанмар: Повторно се тресе тлото

Горан Наумовски

ВИДЕО: Драстично зголемен бројот на жртви од земјотресот во Мјанмар

Катерина Ѓуровски