Хуан Карлос: Време е новата генерација да ги изврши потребната трансформација и реформите

Од:

Ова е вистинското време,една нова генерација луѓе да ја изврши трансформацијата на земјата и да ги спроведе потребните реформи-рече во телевизиското обраќање,шпанскиот крал Хуан Карлос објаснувајќи ги мотивите за својата абдикација.

Според Карлос,младите луѓе во Шпанија сега треба да се вклучат со нова енергија и изрази уверување дека неговиот син,принцот Фелипе Шести ќе отвори нова ера на надеж за Шпанците.

Абдицираниот крал,во своето последно обраќање како шпански суверен,порача дека Фелипе (45) кој досега имаше само мали,главно церемонијални обврски во кралската куќа,има и возраст и подготвеност да биде крал. Изјавата на Хуан Карлос е првата негова реакција, по соопштението на премиерот Маријано Рохај, кој претпладенто,ја извести шпанската јавност дека кралот му ја соопштил својата намера да абдицира и да се повлече од престолот.

Тогаш не беа дадени мотивите за повлекувањето од тронот,туку само беше навестено дека за тоа ќе зборува самиот крал.

Хуан Карлос (76) на престолот беше 39 години,од 1975 година и смрта на Франциско Франко кој автократски управуваше со Шпанија цели 36 години,уште од времето по завршувањето на шпанската граѓанска војна во триесетите години на 20 век и поразот на републиканското движење.

Абдикацијата на шпанскиот крал во домашната јавност е примена со изненадување,иако таа не претставува шок за Шпанците. Првите навестување дека некогаш најпопуларниот монарх ви светот ќе се симне од престолот,се споменуваа на почетокот од годината,веднаш по ескалацијата на корупцискиот скандал во кој се инволвирани неговата ќерка,принцезата Кристина и нејзниот сопруг.

Тогаш кралската куќа објасни дека „абдицирањето не е на дневен ред“.

Сега се објаснува оти повлекувањето е „чисто лично решение“ на кралот кое самиот Карлос, прв пат го навестил во јануари годинава,при прославувањето на својот 76 роденден. Кралското семсјство не сакало можната абдикација да се врзува за пишувањто на медиумите и за шпекулациите што потоа се развија,стравувајќи од можниот „контра удар“ на се уште значителното републиканско движење во Шпанија.

Би можело да ве интересира

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

Уапсен полицаец, во ѕидовите од неговата куќа биле пронајдени 20 милиони евра

ВИДЕО: Во Шпанија ноќеска повторно се спасуваа луѓе, по улиците се излеваа реки вода

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Шпанија се затвараат училишта, се евакуираат некои жители по обилните дождови

(ВИДЕО) Драматични сцени од Шпанија: Малага е под вода

Горан Наумовски

Санчез: Времето за политички дискусии за поплавите ќе биде по реконструкцијата