Хрватски аналитичар: Украинците ги измамија Русите, преминувале тајно, незабележано и во ноќно време

Од:

Хрватскиот воен аналитичар Анте Котромановиќ оценува дека украинските акции и нивното ослободување на територија се „брилијантен и тактички потег“.

„Ова е една од најголемите воени измами од Втората светска војна. Тие ги измамија руските сили и не ми се верува дека Русите паднаа на таква фора“, рече Котромановиќ.

-Украинската офанзива на југ се најавуваше со месеци, немаше никаков успех, а беше маневар. Украинските сили, што ни Русите не успеаја за шест месеци, успеаја да влезат во областа окупирана од Русите – додава тој.

На прашањето дали Украинците, како што сите тврдат, навистина успеале да ги измамат Русите на начин на кој најавија офанзива на југот, а потоа со сета сила го погодија истокот на земјата, Котромановиќ истакнува дека ги маскирале движењата на илјадници војници и одиграле вистинска игра.

– Тоа значи дека преминувале тајно, незабележано, ноќе, во помали групи. На такви места не е лесно да се преместат сто тенкови. Не случајно Зеленски отпушти високи функционери поради сомневање за протекување информации. Тие ја чуваа операцијата во тајност. Русија се концентрираше на југ, донесе корпус со нова опрема и тогаш ова беше изненадување – продолжува тој.

Тој вели дека тоа ќе го подигне моралот на Украинците, а испраќа порака и до Западот.

– Ова беше голем удар и тешко ќе им биде на Русите, изгубија голем дел од територијата и прашање е како Русите сега ќе реагираат. Што ќе направи Путин? Ако сакаат да надвладеат на тој простор, ќе мора да ангажираат повеќе сили, Украинците работат одлично, тренираат, добија помош од западот, тие се ротираат, а Русите не го прават тоа, заклучува хрватскиот воен аналитичар.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Русија го нападна центарот на Киев со балистички проектили, има мртви

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Песков: Русија не испратила покани до никого во САД за Денот на победата

Небензија: Киев го нападна Турски тек

Руските сили елиминираа странски платеници: Меѓу жртвите и романски државјани

Русија: Тројца адвокати на Навални осудени на затворски казни

Горан Наумовски