ХРВ: Врз Јемен фрлени стари касетни бомби

Од:

Меѓународната коалиција, предводена од Саудиска Арабија, при бомбардирањата во Јемен користела повеќе децении стари касетни бомби од американско производство, што паднале врз цивилни реони, соопшти Хјуман рајтс воч (ХРВ), нарекувајќи го тоа воено злорсторство.

Извештајот на оваа група опфаќа и фотографија на касетните бомби „ЦБУ-58“, за кои се наведува дека се произведени во 1978 година во Тенеси.

Овие касетни бомби погодиле населен дел од главниот град Сана, се наведува во извештајот, но не се кажува дали притоа некој бил ранет.

-Тоа што коалицијата фрла касетни бомби врз пренаселените градови укажува на намерата да се повредат цивили, што е воено злосторство, истакна Стив Гус, еден од претставниците на ХРВ.

Француските медиуми наведуваат дека САД се близок сојузник на Саудиска Арабија, но дека во оваа земја со години не се извезени касетни бомби од типот што е пронајден во Сана.

САД соопштија дека знаат за овој извештај и дека ќе апелираат кај сојузниците да „усвојат тактика која ќе спречи загуби на невини животи“.

Би можело да ве интересира

Израелската армија пресретна ракета лансирана од Јемен

Гутереш: Израелските напади врз цели во Јемен се особено загрижувачки

Израелски авиони нападнаа голем број цели во Јемен

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина

САД нападна подземни складишта со оружје на Хутите во Јемен

Четири лица загинаа, а 30 се повредени во израелските воздушни напади врз Јемен