ХРВ: Украинската армија употребувала касетни бомби против проруските сепаратисти

Од:

Невладината организација Хјуман рајтс воч соопшти декаукраинската армија употребувала касетни бомби против проруските сепаратисти во источна Украина.

Во извештај на организацијата, со седиште во Њујорк, се наведува дека е утврдена „повеќекратна употреба на касетни бомби во борбите меѓу владините сили и проруските бунтовници во над десет места, како во градски, така и во селски средини“.

Иако е невозможно да се определи изворот на повеќето такви напади, „има докази за одговорноста на украинските владини сили во серија напади во Доњецк“, прецизира Хјуман рајтс воч.

Во 12 документирани случаи касетните бомби убиле најмалку шест лица и раниле десетици, но можно е бројот на жртвите да е повисок, забележува организацијата.

Украинското Министерство за одбрана ги отфрли обвиненијата.

– Украинските војници не употребувале муниција од таков вид, изјави портпаролот на Министерството, Андриј Лисенко

Тој изјави дека касетните бомби можат да се употребуваат само од авијацијата, а украинското Воено воздухопловство не користела авиони по прогласувањето на примирјето на 5 септември.

Хјуман рајтс воч прецизира дека сеператистите, најверојатно, исто така употребувале касетни бомби, но нема доволно податоци за тоа да се објави во јавноста со целосна сигурност.

Русија негира дека испраќа војници или оружје како поддршка за сепаратиситите, но Хјуман рајтс воч ја повика Москва да преземе обврска да не користи таква муниција.

Украина, исто како САД и Русија, го нема потпишано Договорот за забрана на касетните бомби од 2008 година.

Би можело да ве интересира

Стармер: Разговорите за Украина не можат да се водат без Украина

А1он

Оние 300 милијарди долари што Западот ги замрзна на Русија сега стануваат многу важни

А1он

Кличко: Киев цел на повеќечасовен руски воздушен напад

А1он

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Украина: Русија сака да прогласи победа на 24 февруари

Москва: Терористичките групи ширум светот се снабдуваат со западно оружје од Украина