Убиството на приближно 700 демонстранти, кои пред една година во Каиро бараа враќање на власта на сменетиот египетски претседател Мохамед Морси, претставува „масовен масакр, што неверојатно наликува на злосторство против човештвото“, соопшти денеска организацијата „Хјуман рајтс воч“ (ХРВ).
На 14 август 2013 година, нешто повеќе од еден месец откако командантот на египетската армија Абдел Фатах ал Сиси го смени од власта и го уапси првиот демократски избран претседател на Египет, исламистот Морси, египетските безбедносни сили убија речиси 700 демонстранти во центарот на Каиро, што претсавуваше вовед во безмилосни репресии, главно врз шрипадниците на исламистичката организација на Морси, Муслиманско братство.
– Владата призна дека на овој ден нејзините војници и полицајци убиле над 700 демонстранти, се наведува во извештајот на „Хјуман рајтс воч“, која бара истрага, против повеќе лица, вклучително и против маршалот Сиси, кој во мај годинава беше избран за претседател на Египет, откако претходно ја отстрани целата опозиција од политичката сцена во земјата.
Сиси вети дека ќе „го искорени“ Муслиманско братство, кое ги добиваше сите избори откако, на почетокот на 2011 година со народен бунт од власта беше отстранет претседателот Хосни Мубарак.
Во изваштајот на 188 страници, кој беше претставен во Каиро преку видео конференциска врска, „Хјуман рајтс воч“ пренесува изјави на над 200 очевидци на настанот, кои тврдат дека имало „817 убиени само на плоштадот Рабаа ал Адавија“.
Тие тврдат дека безбедносните сили „систематски пукале врз толпата демонстранти, кои бие против соборувањето на Морси од власта“ од страна на армијата на 3 јули 2013 година.
Според ХРВ, чие седаште е во Њујорк, станува збор за „план што довел до смрт на илјадници луѓе и кој бил подготвен на највисоко ниво“.
– Египетските сили на редот на плоштадот „Рабаа“ извршија едно од наголемите масовни убиства на демонстранти во еден ден во најновата историја, истакна шефот на ХРВ, Кенет Рот, кому Египет вчера му забрани влез во земјата, каде денеска во живо требаше да го претстави извештајот на прес-конференција.
Репресиите биле испланирани од врвот на египетската Влада, „а повеќето нејзини претставници се уште се на власт и ќе треба да одговараат за тоа“, додаде Рот.
ХРВ повикува да се поведе истрага против високи офицери и функционери, вклучувајќи го и Сиси, кој иако во тоа време беше министер за одбрана, практично беше најмоќната личност во тогашната влада.