Добитникот на Нобеловата награда за мир ќе биде соопштен денеска во Осло, Норвешка.
За името на добитникот на оваа престижна награда има многу шпекулации, и тоа од руски и белоруски активисти за човекови права до лекарот од Конго Денис Муквеге познат по неговата поддршка за правата на жените, а се спомнуваше и името на американскиот војник Менинг кој што пушти илјадиници доверливи документи на Викиликс.
Многумина типуваат на 16-годишното девојче Малала Јуфсазаи.
Тоа е девојчето кое беше застрелано во глава од страна на Талибанците пред една година и по низа операции закрепна .
Малала добитникот на Сахаровата награда за човекови права од Европскиот Парламент го привлече вниманието на светската јавност 2009-тата година, со блогот за животот под режимот на талибанците. Со својата активност ја навлече омразата на талибанците.
„Не смееш сурово да се однесуваш кон другите. Треба да се бориш со помошта на мирот и дијалогот и преку образованието. Потоа си реков дека ќе му кажам колку е важно образованието и дека тоа го посакувам и за неговите деца. На крајот ќе му кажев: Тоа е она што јас сакав да ти го кажам, а ти сега прави што сакаш“, одговорила Малала во шоуто “The Daily Show” на Џон Стујарт.